15.8 C
Skopje
петок, јануари 31, 2025
spot_img

Прв меѓународен високо-технолошки самит за вештачка интелигенција во Скопје

Од 29-ти до 30-ти септември 2023 година во салата на Националната Опера и Балет во Скопје, за прв пат ќе се одржи водечки меѓународен високо-технолошки самит. На самитот ќе стане збор за истражување на моќта на вештачката интелигенција и новите технологии.
Светски реномирани експерти za Вештачка Интелигенција од водечките светски комании како Microsoft, Google, Spotify, BBC, Boston Consulting Group, Wipro, Universal Robots и др. ќе бидат дел од говорниците и панелисти на првото издание на „AI Tech Summit“ во Скопје.
Главни теми кои ќе ги опфати самитот се: иднината на работата во ера на Вештачка интелигенција, етичките и правните норми и нивна примена, користењето на вештачката интелигенција во индустриите, како и соработката и ко-еволуција на вештачката интелигенција со луѓето за унапредување на човештвото.

„AI Tech Summit“ е во организација на TBM Group, водечка европска компанија за организација на светски реномирани конференции.
За повеќе информации и билети, посетете ја веб страната www.techsummit.ai
Следете го AI Tech Summit на социјалните медиуми и поврзете се со светски познатите експерти.
Билетите се ограничени. Не пропуштајте ја шансата да ја обликувате иднината. Бидете дел од револуцијата на вештачката интелигенција.

Може да ве интересира..

Социјални Мрежи

3,852фановиДопаѓања
610следбенициследете
- Advertisement -spot_img

Препорачани објави

error: Содржината е заштитена