Излупете ги и изрендајте ги крушите, а потоа во нив додадете ги сите останати состојки. Со добиената смеса филувајте ги корите. Но, бидејќи ќе ги ставате во калапи за мафини, филувате така што одвојувате една кора, ја превиткувате мачкајќи ја со масло и кисела вода, а потоа ставете лажица фил. Доколку калапите се поголеми, користете две кори.
Завиткајте внимателно, и одозгора, како капаче, ставете дел од кората- тркалце, и премачкајте со жолчка. И се така, додека не ги потрошите корите.
Печете во загреана рерна на 180 степени.