Потребно е: 200г свински мускул, 200г телешки мускул, 100г сланина на коцки, 1 главица кромид, 2 чешниња лук, 1 печена лута пиперка, 100г бамњи, 1 домат излупен на коцки, 1 лажица букова сол, 1 мала лажица црвен мелен пипер, бибер, сол, масло за јадење, телешки бујон 500мл.
Месото на коцки се пржи на масло на висока температура се додека не испари течноста. Потоа се додава кромидот, лукот, сланината, бамњите, пиперката сецкана и доматот. Се пржи се заедно, потоа се додаваат зачините и бујонот и се остава 10 мин да прокрчка. Се префрла во земјена тава и се става во рерна да се пече околу 2 часа на 170С. Кога е готова, се украсува по желба со магдонос, печена пиперка и домат.
Рецептот е предвиден за 2 лица.