Од последиците на сообраќајна несреќа, која му се случи на 29 јули, почина големиот Рајко Дујмиќ, музичар кој остави претпознатлив звук во големите хитови на групата „Нови Фосили“, која беше актуелна во времето на бивша Југославија. „Е мој Саша“, „Шути мој дечаче плави“, „Кошуља плава“, евровизиската „Ја сам за плес“(1987), „Милена“, „Сањај ме“, „За она добра стара времена“,„Тонка“, „Кључ је испод отирача“, „Буди увек близу“.., се песни кои станаа евергрини и кои го вивнаа на самиот врв на естрадното небо.
Дујмиќ почина во 66 година а пишуваше и за „Рива“ која победи со неговата „Рок ми бејбе“, за Јасна Злокиќ, „Сребрени крила“, Јасмин Ставрос, Северина, „Парни Ваљак“…, создаваше мјузикли, опери, во 2013 година ја доби наградата за животно дело, на која и претходеа стотици награди од сите можни фестивали, од Вардар до Триглав.
Откако се распаднаа „Нови фосили“, за Дујмиќ се поврзуваа вести за се и сешто, но најмногу за семејното насилство. Сања Долежал беше љубовта на неговиот живот, и се после неа, како што велеше Рајко, не наликуваше на живот.
Фото- Фејсбук