Праска, вашиот чистач на организмот
Праските имаат ниска енергетска вредност – 40 калории на 100 грама, содржат 87 отсто вода, 11 проценти јагленохидрати, а од витамините најмногу се застапени бета-каротин и витамин Ц.
Од минералите, праската најмногу содржи калиум, фосфор, магнезиум и калциум, а за разлика од обичните праски, нектарини или голите праски содржат помалку витамин Ц, но повеќе бета-каротин и поголема калориска вредност.
Бета-каротинот, витамините Ц и Е и останатите каротеноиди и многуте други фитохемикалии помагаат во онеспособувањето на слободните радикали (нестабилни молекули како нус-производ на станичната оксидација). Слободните радикали можат да ја оштетат станичната структура што води до хронично заболување и забрзување на процесот на стареење.
Праската го јакнее имунитетот, го јакнее врзивното ткиво, го јакне срцето и крвотокот, не чини отпорни на стрес, ни потпомага против нервниот немир, раздразливост, чувство на страв, го убрзува преминот на храната низ цревата, ја средува опстипацијата, ја намалува количината на вода во ткивото и организмот и помага при намалување на телесната тежина.
Коментарите се затворени