4.8 C
Skopje
петок, јануари 31, 2025
spot_img

Мојата интимна азбука – Васил Зафирчев

 

А – Алтруизам. Кога не очекуваш ништо, а даваш сe.
Б – Беба. Моето ши-цу: 17 години безусловна љубов.
В – Вистина. Во нејзиното прифаќање е мирот.
Г – Големина. Најважна е онаа на душата.
Д – Дарба. Не се учи ниту стекнува. Но е предуслов за уметност.
Ѓ – Ѓеврек. Со јогурт. Како отстапка за појадок.
Е – Елеганција. Отмената страна на вкусот.

Ж – Желба. Мораш прво да посакаш, за да се оствари.
З – Завет. Даден збор дека нешто ќе се заврши.
Ѕ – Ѕуница. Најголемата тајна на светлината.
И – Инспирација. Апсолутната идеја која содржи сe.
Ј – Јога. Мојата вештина за умот и телото.
К – Креација. Кога од ништо правиш нешто.
Л – Леснотија. Големите работи само со неа имаат смисла.
Љ – Љубов. Јазикот на ангелската природа во нас. Го знаеме ли?
М – Мисија. Откриена смисла на нашето постоење.
Н – Носталгија. Убива онаа по добри луѓе.
Њ – Њујорк. Мојот омилен град.

фото-Стефан Соколовски

О – Огледало. Одраз на тоа кои сме и какви сме.
П – Претстава. Кога мигот на сцената трае вечност.
Р – Револуција. Целосна промена. Нови правила за нов ред.
С – Созревање. Пат до зрелоста.
Т – Татковина. Како припадност. Како своина.
Ќ – Ќупурли. Град на мостови. Турското име на Велес.
У – Убавина. Само таа ќе го спаси светот.
Ф – Фантазија. Моќ за измислување убави нешта.

фото-Стефан Соколовски

Х – Хуманост. Да дадеш едно, ако имаш две.
Ц – Цел. За да можеш да стигнеш некаде.
Ч – Човек. Се повеќе го бараме, а се помалку го има.
Џ – Џабе. Кога вредноста губи цена.
Ш – Шега. Најслатка е кога е на своја сметка.

7дена.мк

Може да ве интересира..

Социјални Мрежи

3,852фановиДопаѓања
610следбенициследете
- Advertisement -spot_img

Препорачани објави

error: Содржината е заштитена