Народна, забавна, поп и секаков друг вид, во најголем дел- балканска музика, искомбинирано со емисии од различни жанрови е концептот на новата балканска музичка телевизија која однеодамна започна со работа, а главната идеја за целиот овој проект потекнува токму од Македонија, што е повеќе од одлично за афирмацијата на македонската музика низ целиот овој наш регион.
„BalkanMusicTv“ е со желба на едно место да ги собере најпопуларните изведувачи од овој регион и во заедничка соработка со нив, до сите домови да пласира квалитетна музика и убави позитивни вибрации, притоа докажувајќи дека музиката треба само да не зближува, а не разединува.
Во Македонија сигналот од новата телевизија веќе зрачи во секој дом, преку скоро сите етаблирани кабелските оператори, а „BalkanMusicTv“ се гледа и во соседна Бугарија.
Освен музика, на оваа телевизија веќе стартуваа и проектите „Балканска топ 10 листа“ и емисијата „No Limit“ која во секој дом носи музика за сите вкусови и генерации.
Покрај балканските музички изведувачи, голем простор на нашата телевизија ќе дадеме и на нашите пејачи и групи, кои за жал години наназад не го добиваат целосното внимание и важност кое го заслужуваат.
Почнуваме со работа под мотото: Музиката е создадена да се чувствува, а ние сме тука да ви го пренесеме тоа чувство.