17.4 C
Skopje
сабота, мај 17, 2025
spot_img

Chef Маре Јаневска: Чили кон карне

Потребно е (за 2 особи) : 1 главица кромид, 1 црвена слатка пиперка, 300гр јунешко мелено месо, 300мл сос од домати, 2 лажици доматно пире, 1 конзерва црвен грав, 1 лажичка мелен ким, 1/3 лажичка чили пудра, 2 чешниња лук, сол и мелен бибер.
Пиперката се сече на коцки и се пржи кратко на малку маслиново масло и путер. Потоа се вади од тавата. Во истата тава се додава сечкан кромид на коцки, се пржи додека добие златеста и стаклеста структура. Се додава меленото месо, се пржи додека не испари течноста. Потоа се додава мелениот ким, чили пудра, сосот од домати, пиперката и црвениот грав заедно со течноста од конзервата. Се заедно се динста околу 10мин. На крај се додава лук и се зачинува со сол и бибер.

Може да ве интересира..

Социјални Мрежи

3,852фановиДопаѓања
610следбенициследете
- Advertisement -spot_img

Препорачани објави

error: Содржината е заштитена