Chef Никола Мишковски : Пилешко рижото
Потребни состојки за две порции: 200 г пилешки стек, кочански ориз – 200 г, половина кромид, 1 пиперка, 3 моркови, половина тиквица, 200 г шампињони, 5 шери-домати, 60 г пармезан на ленти или мелен, 1 врзопче рукола, путер, куркума, лук, пилешка коцка, сол, бибер, масло за јадење.
На загреана тава го ставаме ситно сечканото пилешко месо, откако убаво ќе се пропржи додаваме кромид, морков, пиперка, шампињони, сите сечкани. Откако состојките убаво ќе се пропржат, ја додаваме сечканата тиквица и оризот… Цела оваа смеса ја пржиме 5-7 минути и потоа ставаме жешка вода во која сме ставиле коцка за супа, 2 мали лажичиња куркума, сол, бибер и лук, постепено ставаме од течноста и мешаме се` додека оризот не се свари, а течноста не испари. Ги редиме шери-доматите, сечкани на парчиња. Сервираме со ленти пармезан и сечкана рукола.