Chef Дејан Карапеев: Лосос со салата од авокадо
Потребно е: 250 гр лосос филети, 60гр авокадо, 20гр кромид, 50гр шери домати, 10мл маслиново масло, 10мл лимонов сок, 5гр сол, 5гр бибер, гранче копар.
Лососот го зачинуваме со сол и бибер и го попрскуваме со маслиново масло. Печеме 20 минути во загреана рерна (190 C степени).
Во сад ја замешуваме салатата од црвен кромид, авокадо исечкано на полумесечинки и шери домати на четвртинки. Зачинуваме со сол, бибер, копар, маслиново масло и со лимонов сок.
Вака подготвената салата ја сервираме над веќе подготвениот лосос.
Коментарите се затворени