Chef Маре Јаневска: Ликер од вишни
Потребно е: 1,500кг вишни, 600гр. шеќер, 2 ванили, 1 портокал, неколку зрна бибер и малку сува мајчина душица.
Во тегла од 3 кг се редат на слоеви- вишните, шеќерот и ванилата а над нив исечкан портокал и мајчина душичка. Над тоа се става литар ракија, теглата убаво се затвара и се става каде што има сонце. Треба да отстои 40 дена, а потоа можете да уживате во ликерот.
Коментарите се затворени