Етаблираната градежна компанија Elena Luka Home вчера го пушти во употреба современиот станбено-деловен објект Business Homes со што и официјално ja заокружи приказната на урбаниот комплекс EL Homes – Eco Homes во скопската населба Аеродром.
На официјалното отворање на вратите на Business Homes, на станарите им беа доделени клучевите од нивниот нов дом, емотивен момент што означува едно ново поглавје од нивниот живот. Возбудата и позитивните емоции беа заеднички и за станарите, но и за тимот кој неколку години наназад посветено работеше на создавањето на овој комплекс, а задоволството несебично го сподели и генералниот менаџер и главниот визионер на компанијата, г-ѓа Елена Пандева.
-Исто како и претходните, и овој проект е максимално значаен за мене и нашата компанија затоа што е дел комплексот El Homes -Eco Homes на Elena Luka Home и денеска дојде денот да го предадеме објектот на нашите клиенти. Ова е голема чест и задоволство за сите нас како инвеститори и за нашите клиенти кои се дел од нашето семејство. Завршивме еден навистина значаен и голем проект, што беше предизвик за целиот тим на Elena Luka Home. Важно е да се потенцира дека се работи за висококвалитетна градба која што одговара на сите потреби на современото живеење. На сите станари им честитам за новиот дом и им посакувам многу убави моменти и многу радости, ова е од оние посебни моменти во животот кога започнуваат едно ново поглавје.
По заокружувањето на урбаниот комплекс El Homes-Eco Homes, ја прашавме г-ѓа Пандева кои се новите проекти на Elena Luka Home.
-Засега, остануваме во овој регион, иако градиме и на територија на Карпош. Во моментов, Elena Luka Home е стационирана во Аеродром, на една многу убава локација блиску до Центар, а многу тивка, со многу балансирана атмосфера… Набрзо ќе ве информираме за сите новости, ние продолжуваме понатаму со нашата реализација, со нашите изведби, планови, со новите проекти. Тоа ќе биде еден друг тип на објект, што во себе ќе носи една посебна душа и за мене е особена провокација изведбата на тој објект, можеби прв од таков тип во Македонија. Благодарност до мојот тим од Elena Luka Home без кој дефинитивно немаше да можам да ја реализирам мојата визија.
Business Homes е третиот објект од урбаниот комплекс El Homes – Eco Homes, покрај двата станбени објекти Living Large и Luxury Homes, што како целина создаваат една нова, современа и урбана приказна со своја автентичност која му дава современ белег на градот.
„Ова е голем ден за луѓето што се вселуваат и го добиваат својот дом, но и за нас како фирма, бидејќи ние завршуваме еден процес. Го заокружуваме овој комплекс, кој што е маркантен. Добиваме трет објект по ред, кој што е компатибилен на претходните, а динамички малку поразличен. На сите станари што ќе се вселат им посакувам уште многу добри денови да имаат во овој објект, да имаат среќа во семејствата и благостостојба. А на нас како компанија ни посакувам уште вакви објекти, со кои ќе можеме да се гордееме. Големи и заслужени честитки и упатувам на нашиот генерален менаџер и директорка, Елена Пандева, за нејзиниот визионерски пристап во создавањето на едно современо и урбано домување “, вели Зоран Димовски, архитект во Elena Luka Home.
Присуството на стручните лица од компанијата, го искористивме за да дознаеме детали за карактеристиките на становите во објектот.
„Тоа се станови енергетски ефикасни, со висококвалитетни материјали, висок степен на финализација на површините, материјалите се така компонирани што не се наметливи и претставуваат одлична подлога за понатамошни дизајн солуции и уредување, индивидуално од секој корисник. Станбениот простор е со пријатна микро клима и двете страни се задоволни“, вели Јордан Тасевски, архитект во Elena Luka Home.