Food bar со нов производ. Ајсберг салата за здраво срце

Food Bar во својата палета на производи нуди вкусови и за најпребирливите, а освен добро познатите беби микс салатата, беби рукола, беби спанаќ, фамилијарната салата со ајсберг, црвена цикорија, морков и зелена марула, валеријана, свежо рендано цвекло, италијана, микс со зелка и морков или микс зелена, тиквата и неколкуте вида никулци, од неодамна ја додаде и ајсберг салатата.
Сè што треба да направите е да го извадите зеленчукот од пакувањето, да го ставите во чинија, да го зачините по желба и вашата витаминска бомба е приготвена.
Овој зеленчук содржи витамин К и железо, а тие се важни за крвната слика и кардиоваскуларниот систем. Ајсберг салатата е полн погодок за срцето! Со нејзина консумација ќе си обезбедите дури 30 проценти од препорачаните дневни количества од овие корисни материи. Освен тоа изобилува и со витамин А, важен за правилен раст и развој на коските; потоа растителни и диетални влакна и што е најважно има ниска енергетска вредност и создава чувство на ситост. Во 100 г имаа само 11 калории, 94 % вода, само 2 % шеќер и околу 1,2 % протеини.
Начинот на приготвување и пакување на сите производи, коишто може да се најдат во скоро сите ланци маркети во Скопје, наскоро и низ целата држава, е по најнови светски технолошки стандарди кои гарантираат квалитет и безбедност. Од неодамна, салатите на Food bar може да се најдат и низ рафтовите на најголемиот ланец маркети во Косово. Инаку, компанијата постои веќе шеста година под мотото – Кога времето е кусо, со голема посветеност на потрошувачите, анализирајќи ги темелно нивните желби и потреби во делот на здрави и брзи за подготовка рецепти, па од таму се и сите идеи за создавањето и пласирањето на новите производи.

Би можело да ве интересира Повеќе од овој автор

Коментарите се затворени

error: Content is protected !!