Завчера во Банско, Бугарија, продолжи турнејата на големата Македонско-Бугарска музичка фешта, што стартот го имаше неодамна во Скопје.
Веќе добро познатата „One Love Tour“ во организација на Иноватива Груп и Mejdina Stancia на Плоштадот во романтичното Банско, од утринските часови започнаа со програма за најмладите. Беше распеано, раздвижено и весело а така кулминираше и во завршницата на денот.
Попладнето фестивалот беше во знак на „Некст тајм“, Слаткаристика и бугарскиот артист Криско, со добра интеракција со публиката и ветување за следната средба, во Варна.