PLACEBO доаѓаат на возобновениот рок настан СКОПЈЕ ГОРИ, со ексклузивно шоу во регионот, информираат од Авалон продукција.
Како во моментов звучи во живо еден од најмоќните светски рок бендови, публиката од Македонија и од регионот ќе може да види и да слушне на 25-ти јуни на стадионот на АРМ во Скопје.
Дека е задоволството големо што Скопје и Македонија ги имаат PLACEBO, не треба ни да се спомене, само треба да се види листата на големи фестивали каде ќе настапат ова лето: Rock Werchter во Белгија, BBK и Madcool во Шпанија, Park Live во Русија итн…
Placebo е основан во 1994 година и досега има продадено повеќе од 12 милиони албуми. Со нивниот специфичен звук кој претставува фузија на глам-рок и готик-поп жанровите, како и по уникатниот имиџ на пејачот Brian Molko, Placebo добија статус на апсолутни миленици на алтернативната рок популација, а меѓу нивните бројни обожаватели се вбројуваше и легендарниот David Bowie.
Placebo досега имаат објавено вкупно девет албуми, од кои седум се студиски и два во живо. Не треба да се заборави дека покрај носачите на звук, Placebo имаа серија од исклучително успешни синглови и видео спотови со впечатлив стајлинг, со што дефинитивно се профилираа како современ арт-рок состав и тоа на најдобар можен начин.
Влезниците можете да ги набавите исклучиво во Avalon music & ticket store во ГТЦ, продажните места во мрежата на Авалон низ земјава и онлајн на avalon.mk, по следниве цени и категории:
ПАРТЕР – 1.500 денари
ФАН ПИТ – 1.990 денари (само 1000 влезници во продажба)
АРМ стадионот ќе биде адаптиран на капацитет од 6000 посетители, а специјалните гости на PLACEBO ќе бидат дополнително објавени.
Автор
Сите Објави
Коментарите се затворени