Филозофијата „Добра, чиста и правична храна“, беше инспиративен слоган за да на 18 и 19 октомври се одржи првото издание на „SLOW FOOD САЛОН“. Локацијата е хотелот „Александар палас“ во Скопје, а во овие два дена производителите ќе ги изложат своите автентични и висококвалитетни производи, ќе ги раскажат своите приказни а посетителите ќе имаат можност да се информираат, едуцираат и дегустираат- од прва рака.
Ќе бидат изложени производи со потекло од македонскиот агробиодиверзитет, производи од Арката на вкусови, македонските Слоу Фуд президиуми, традиционални преработки и органски производи. Свежи и преработени овошје и зеленчук, традиционални сирења, месни производи, вина од мали винарии, занаетчиски пива, дестилати…
Салонот ќе понуди вкусови кои Слоу Фуд Македонија ги заштитува, поддржува и промовира повеќе од 10 години преку својата мрежа.
СЛОУ ФУД Е ДВИЖЕЊЕ и токму затоа- добра, чиста и правична храна, за сите!
Автор
Сите Објави
Коментарите се затворени