10.8 C
Skopje
недела, јануари 25, 2026
spot_img

Внукот на Тоше, Кристијан во Лондон ја сними песната „We are blood“

Кристијан Ристески, внукот на Тоше Проески, со песната „We are blood“ ќе зачекори на македонската музичка сцена. Заедно со Енди Рајт, познатиот британски композитор и продуцент, тие се автори на композицијата.
,,Бев во Лондон, во студиото на Енди Рајт, кој беше задолжен за доработка на песните од новиот постхумен албум на вујко ми, „The secret place“. Во текот на престојот Енди доби идеја да снимам една песна. По долго размислување ја прифатив понудата и решив да пеам за вујко ми. Текстот на песната произлезе од нашите разговори поврзани за Тоше. Го напишавме двајцата- открива Кристијан.
За темата е реализиран и спот, а во улога на режисер се појавува Александар Пауновски.
,,Сакав да снимам едноставен спот. Во него се појавувам заедно со неколку музичари. Предност и дадов на песната – вели младиот пеач.
Кристијан студира соло пеење на факултетот Есра. Моментално се подготвува за концертот во чест на Тоше, кој ќе се одржи на 2 ноември во „Борис Трајковски“, кога ќе ја изведе „We are blood“.

Може да ве интересира..

Социјални Мрежи

3,852фановиДопаѓања
610следбенициследете
- Advertisement -spot_img

Препорачани објави

error: Содржината е заштитена