3.8 C
Skopje
понеделник, февруари 24, 2025
spot_img

Време е за „Езерски бисери 2018“ во Струга

Меѓународниот арт- фестивал „Езерски бисери 2018“ во Струга им посака добредојде на таленти од Русија, Унгарија, Хрватска, Украина, Словенија, Белорусија, Македонија, Казахстан, Литванија, Србија, Бугарија, Романија, Босна и Херцеговина, Молдавија и Турција.
Главните фестивалски случувања се лоцирани во Центарот за култура „Браќа Миладиновци“ а програмата ќе се случува три дена.
Во петок, (10 август) од 21 ч. ќе се одржи избор за Европска убавица, во организација на World Beauty Contest од Москва. Осумнаесетте кандидатки за оваа ласкава титула ќе се претстават во национални костими, во спортско издание и во вечерни тоалети.
Натпреварот во класика и естраден вокал и танци ќе се одржи во сабота, во 10ч а настапите ќе бидат оценувани од меѓународно жири.
Публиката ќе може да ужива во најатрактивните музички и танц изведби на традиционалниот Гала концерт, кој ќе се случува во недела од 21ч.
Во рамките на фестивалот ќе се одржат повеќе мастер- класови за учесниците, за кои се организирани и посета на Охрид и Вевчани.
Најдобриот учесник ќе добие Гран при, фестивалска статуетка, парична награда од 1000 долари и оригинални охридски бисери од семејството Филеви.

Може да ве интересира..

Социјални Мрежи

3,852фановиДопаѓања
610следбенициследете
- Advertisement -spot_img

Препорачани објави

error: Содржината е заштитена