Суви пиперки, ајвар, крушки, грозје, ореви, јаболка, лук, кромид, тегли и теглички со разновидна зимница…, кој да одолее на таа прекрасна, колоритна и вкусна глетка, предизвикот од омилениот пазар во Росоман?
И најпознатите шефови од екс- ју, гостите на „Гастромак 2022“ – Стево Карапанџа, Исток Легат, Томаж Возељ, Жељко Невен Бремец, Вуко Митровиќ, Ѓорѓе Костиќ, со радост ја прифатија идејата на домаќините Адријана Алачки и Бесим Љатифи од New Albis, да го посетат култното пазарче. Разгледуваа, сликаа и си купија, како што велат од „највкусното овошје и зеленчукот“, а многумина се снабдеа и со ајвар.
Знаеме, но кога ќе добиете комплименти дека тука храната е превкусна, особено кога тоа го кажуваат етаблираните готвачи, е тогаш гордоста е голема.
Македонијо, чудесна си!
Восхитен од пиперките- Жељко Невен Бремец
Рената и Стево Карапанџа
Бесим Љатифи- Крушите се секогаш добар избор
Му се допадна македонскиот ајвар- Томаж Возељ
„Вашето грозје е подобро од мед-Драгица Лукин
Ѓорѓе Костиќ