12.8 C
Skopje
сабота, октомври 25, 2025
spot_img

Задолжително: Кромид, три пати на ден

Кромид е и храна и лек, еден од најупотребуваните зеленчуци на светот, го има преку цела година а во нашето поднебје е најпопуларен во комбинација со култната десетка. Кој не сака кромид и ќебапи!
Кромидот најмногу се јаде во пролет, многу е здрав и богат со калиум, сулфур, и со витамините од групата Б-комплекс, како што се: пантотенска киселина, пиридоксин, фолати и тиамин.


Еве зошто е тоа важно- пиридоксинот или витамин Б6, помага во одржувањето на високото ниво на гама-аминобутрична киселина во мозокот, што го спречува развојот на нервните заболувања.
Кромидот е богат извор на хром, реткиот минерал кој помага клетките да реагираат соодветно на инсулинот во крвта. На тој начин го олеснува дејството на инсулинот и го контролира нивото на шеќер во крвта.
Неправедно, кромидот според лековитите дејства е сместен под лукот, и многумина и не ги знаат неговите лековити карактеристики.
На пр: помага при разни заболувања- од обична настинка, до дијабетес, срцеви заболувања и остеопороза.
Во кромидот се наоѓаат многу состојки кои се борат против бактериите и другите микроорганизми, и се причинители на разни воспаленија и затоа се препорачува при настинки, кашлица, акутен и хроничен бронхитис, астма и други воспалителни заболувања.
Покрај тоа, кромидот ја прочистува крвта, крвните садови и ја спречува артериосклерозата. Консумирањето на двеста грама свеж кромид дневно, ќе го намали ризикот на затнувањето на крвните садови.
Не заборавајте на кромид затоа што е богат извор на селен, кој во комбинација со витаминот Е ги чува клетките од штетното дејство на слободните радикали, ги јакне нервите, го потпомага варењето на храната и делува против грчеви, го штити организмот од штетните токсини. Го одложува стареењето на мозокот а сирупот подготвен од кромид е одличен лек против несоница.
За крај уште нешто важно: со кромидот никогаш нема да се здебелите, има ниска калорична вредност (само 40 калории на 100 грама), но е богат извор на растворливи растителни влакна.

Може да ве интересира..

Социјални Мрежи

3,852фановиДопаѓања
610следбенициследете
- Advertisement -spot_img

Препорачани објави

error: Содржината е заштитена