22.8 C
Skopje
понеделник, април 21, 2025
spot_img

Здраво, вкусно, лесно. Рецепти со спанаќ

Пире од спанаќ
Потребно е: 1кг спанаќ, 3 компири, слатка павлака, 100 г. тврдо сирење, 1 лук, путер, презла; за сосот: лук, масло, 250 г. кисела павлака, 1 лажица мирудии, сол, црн пипер
Излупете го и исецкајте го компирот и сварете го во солена вода. Посебо, во солена вода потопете го спананаќот, па измешајте и испасирајте го со компирот, павлаката, половина од сирењето- ситно изрендано, јајцата и лукот. Зачинете со сол и црн пипер.
Сето тоа ставете го во огноотпорен сад, посипан со презла и израмнете ја смесата. Одозгора ставете го путерот и изренданото сирење. Печете 20 минути во загреана рерна.
Во меѓувреме пропржете го лукот накратко, измешајте го со кисела павлака, додадете ги мирудиите, сол и црн пипер. Тој сос служете го со спанаќот.


Пита со спанаќ и фета-сирење
Потребно е:
– 500 г кори за пита
– 400 г спанаќ
– 300 г фета
– 5 јајца
– 1 лимон
– путер
– црн пипер
– оригано
– мускатно оревче

Загрејте ја рерната на 200 степени. Во еден сад изматете ги јајцата и додајте го сирењето, потоа ренданата кора од лимон и зачинете со црн пипер и оригано.
Во тавче ставете 4 кори и пропрскајте ги со маслиново масло, вода, растопен квасец, сол и црн пипер. Потоа ставете го филот.
Повторете го редењето додека не ги потрошите сите кори. На секои 4 кори внимателно распоредете го спанаќот, јајцата и сирењео. Свиткајте го вишокот кори и печете во загреана рерна 20-30 минути.


Запечен спанаќ
Состојки: 300 г спанаќ, 4 јајца, 1 лажица маслиново масло, 150 г чадена сланина или шунка, 4 млади кромитчиња, 1 чешне ситно насечкан лук, сол и црн пипер.
На масло сосема малку се пропржува сланината. Во тавата се додаваат младите кромитчиња, лукот, спанаќот и се се динстува пет-шест минути. Потоа се матат јајцата и се мешаат сите состојки. Смесата се пече во рерна околу десетина минути.

Може да ве интересира..

Социјални Мрежи

3,852фановиДопаѓања
610следбенициследете
- Advertisement -spot_img

Препорачани објави

error: Содржината е заштитена