9.8 C
Skopje
понеделник, јануари 26, 2026
spot_img

Златна Бубамара на популарноста: Мики Јовановски – Џафер ја добива наградата за трајни музички вредности

Во очекување на најновото издание на нашата најпопуларна манифестација „Златна бубамара на популарноста“, сценариото се чува во најстрога тајност, а организаторите неколку пати изјавиа дека е „Јавна тајна“. Слоганот е : Да се предадеме на музика, забава и смеење, и тоа: Откако се одадовме, на лажење, крадење и неверства .
Инаку, на овогодинешното 22. издание со наградата за „Трајни музички вредности” ќе се закити нашиот популарен поп-рок пејач Мики Јовановски-Џафер.
Оваа престижна награда е всушност потврда за музичкиот траен печат што Мики Јовановски-Џафер го остави во срцата на сите љубители на поп и рок-музиката , преку- „Лага и измама“,„Под Пелистер“, „Одам на југ“,„Мики мој“, и незаборавната „Сонце за три света “ со која влезе во историјата на македонската музичка сцена.
Инаку, билетите за Златна бубамара на популарноста ќе бидат пуштени во продажба во среда (6 февруари) точно напладне, преку www.mktickets.mk и во Југотон, после 14 часот.

Може да ве интересира..

Социјални Мрежи

3,852фановиДопаѓања
610следбенициследете
- Advertisement -spot_img

Препорачани објави

error: Содржината е заштитена