Поранешниот манекен Илија Илов, кој веќе четири години живее во Америка, летово дојде за да направи свадба и да го промовира неговото првенче „Пластични приказни“. Книгата содржи 21 расказ а, како што вели тој, идејата на расказите е борбата на индивидуата со опшеството.

-Сите раскази се поделени во четири бои кои ја рефлектираат психолошката состојба на ликовите, вели Илија.
Рецензенти на книгата се Весна Мојсова Чепишевска и Венко Андоновски, кој вели дека се раскази за еден забеган и изопачен свет.
-Мислам дека „нормално“ е се она што светот го конзумира без да се противи за вкусот. Изгледа дека денес изопачена е само различноста. Секој лик во книгата го градам како мозаик од искуство, во секој од нив има палета од карактери кои ги познавам. Но, сепак, колку и да има автобиографски елементи, секој литературен облик е чита фикција, вели тој.
Промоцијата ќе се одржи во понеделник од 21 часот во „Ла Кања“ во Стара чаршија.

