Виртуозот на гитара Влатко Стефановски на први август, со почеток во 22 часот, ќе одржи концерт во Античкиот театар во Охрид. На овој концерт Влатко ќе настапи со музиката од последниот албум „Мајчин јазик“.
Гости на неговиот концерт ќе бидат- Биља Крстиќ од Србија, Теодосиј Спасов од Бугарија, Танос Ставридис од Грција, и домашните музички имиња Весна Гиновска Илкова и групата „Љубојна“. Билетите се веќе пуштени во продажба онлајн и во „Купи карти за сè“.
Влатко и Весна веќе ги почнаа пробите за настапот. На видеото тие ја вежбаат „Учи ме мајко карај ме“.
https://www.facebook.com/VesnaGinovskaIlkova/videos/1786334494754864/?t=13
По завршување на летните активности Влатко кон крајот на октомври ќе замине на турнеја низ Австралија. Концертите се веќе закажани за ноември и декември а за нив постои голем интерес. Од организацијата велат дека концертите се еккслузивни а билетите се во ограничен број.

