Магдонос за прочистување на крвта и при убоди од инсекти
Магдоносот се користи како лековито растение во народната медицина, а и како зачин и храна, бидејќи се употребуваат и коренот и ливчињата. Многу е богат со минерали и витамини и се вбројува во најлековитите билки. По содржина на витамин Ц, далеку го надминува лимот и портокалот – во 100 г магдонос има 166 мг витамин Ц. Содржи многу провитамин А и група на Б витамини, дури и витаминот Б12. Од минералите, кои во 100 г магдонос ги има 1630 мг, најмногу содржи калиум (1000 мг), железо (8 мг), калциум (245 мг), фосфор (128мг), магнезиум, манган и бакар.
Лековитите својства на магдоносот
Се користи за подобрување на циркулацијата, за проблеми со уринарниот тракт, за смирување на нервите, за отстранување на надуеноста, за ублажување на болките, за прочистување на крвта, а помага и во создавање на црвени крвни зрнца, благотворен е за отстранување на треска, воспаление на очи, болести на бубрезите, дамки од сонце, убоди од инсекти и срцеви тегоби.
Коментарите се затворени