9.8 C
Skopje
понеделник, јануари 26, 2026
spot_img

Пепа и Мина Блажев најдобри на првата вечер на „Макфест“

Мина Блажев со песната „Во други души“  и  Пепа со „Доцна е“ со ист број на гласови се најдобри во првата полуфинална вечер на фестивалот „Макфест“, кој се одржа вчера вечерта во Домот на културата „Ацо Шопов“ во Штип. Трета по гласови е Симона Поповска со „Остани“. Покрај нив во финалето дирекно се пласираа и уште седум изведувачи меѓу кои Ѓоко Танески,  Димитар Андоновски и „Тајфата“, Лина Пејовска, Џокси, Игор Узунов, Наташа Малинкова и Сара Гигова.

Вечерва е втората полуфинална вечер, на која прва ќе настапи Барбара, потоа Огнен Здравковски, Маријан Стојановски, Дани Димитровска, трио „Џентлмен“,  Ивона Јовановиќ, Весна Спасова, Наталија Славева, Давид Миладинов,  Роберт Билбилов, Анастасија, Александар Тарабунов, Симеон Коруновски,  Антонија Гиговска, Мартина Митревска и на крај  Анета Ристова Василевска.

Може да ве интересира..

Социјални Мрежи

3,852фановиДопаѓања
610следбенициследете
- Advertisement -spot_img

Препорачани објави

error: Содржината е заштитена