Писмо до Дедо Мраз. Вера Мештеровиќ: Донеси пакетчиња со љубов и здравје
Дедо Мраз,
Сакам да донесеш полни пакетчиња со здравје, љубов во сечиј дом, бидејќи кога го имаме ова, имаме се. Сето останато богатство, успех…се, се постигнува и надокнадува. Истото си го посакувам и себеси, на моите деца Андреј и Јована, на мојот брат, моите родители, на сите роднини, пријатели.
Изминатата година беше успешна, полна со ангажмани, добив награда Златна Бубамара на популарноста на која и се израдував многу, бидејќи за секој од нас кој сме дел од сцената, а јас на екраните прилично долго се појавувам,со различен интензитет но сепак, присутна е чест и задоволство . Кога ќе добиете признание значи дека сте оставиле траг, печат со своите јавни настапи.
Исто така оваа година бев за прв пат модератор на јубилејниот Виенски бал, културен настан на највисоко ниво, со хуман карактер во нашата држава. Спотови со наши најпознати пеачи, реклами, бренд амбасадор на разни производи за здрав живот и козметика. Синот Андреј е одличен ученик, а со својата фудбалска генерација Фк Вардар 2009 во детската лига оваа година се на врвот на табелата и освоива два златни пехари на меѓународни турнири во Р.Бугарија.
Ќерката Јована од балерина се префрли на гимнастика, истотака имаше свои успеси. Сето ова најубавото би сакала да се преслика и во новата година, да ни биде полна со среќа, смеа, радости.
Среќна Нова година!
Коментарите се затворени