Писмо до Дедо Мраз. Пепита Танеска: Најголем подарок- мир во душата и радост во срцето
Ни стигна и декември, најубавиот, највеселиот, волшебен месец во годината, исполнет со светло, новогодишни украси, радост, магија…Со првите снегулки се раѓаат и прекрасни новогодишни желби…Во предвечерието на старата и почетокот на новата година ме обзема чувство на бескрајна благодарност за секој миг, секој поминат ден, за сите искуства и мудроста што од нив произлезе…
Драги Дедо Мраз, донеси полни торби светлина, прекрасни насмевки и многу љубов. Да ми е душата полна со радост и среќа, да се среќни и радосни најмилите, моите блиски, пријателите…Да ме опкружува љубов и задоволни и насмеани луѓе…Зошто за мене нема поубав подарок и поголемо богатство од мир во душата и радост во срцето!
Коментарите се затворени