Гастромак навистина има со што да се гордее и со што да се пофали. Најновата вест е поврзана со поканата на владаечката партија на Република Турција, Ak parti, а повикот е упатен до ресторанот New Albis од Гостивар. Бидејќи добриот глас надалеку се слуша, а нивното кулинарско умеење е вистинска виртуозност, тие ќе престојуваат две недели во Турција, и секојдневно ќе ја подготвуваат надалеку прочуената алва, и тоа за најмалку 3.500 луѓе во Истанбулската општина Eyüp.
Рецептот на алвата, како кај сите големи мајстори е тајна, но оние што ја пробале, велат, вкусна е прсти да изедеш.
Пред некој ден нашите шефови, членовите на Гастромак имаа задоволство подготвената алва да ја послужат на Министерот за финансии на Турција, Берат Албаурак. И тоа не е се – следниот предизвик е уште поголем- на последниот ден на изборната кампања се очекува своевидно cooking show- имено алвата ќе се подготвува заедно со Претседателот на република Турција, Реџеп Таип Ердоган.
Автор
Сите Објави
Коментарите се затворени