Почина Гордан Михиќ
Актерката Ивана Михиќ, на социјалните мрежи ја објави веста за смртта на татко и, познатиот, единствениот српски сценарист, драмски пистел, режисер и професор на Факултетот на драмските уметности во Белград. Тој беше и сопруг на популарната актерка Вера Чукиќ.
Сценаријата, книгите што тој ги напиша влегоа во вечноста- Пас који је волео возове, Среќна нова 1949, Црна мачка, бели мачор, Купи ми Елиота, И Бог створи кафанску певачицу , Камионџије, Паја и Јаре , Чувар плаже у зимском периоду, Повратак отписаних, Дошло доба да се љубав проба, Варљиво лето ’68, Сиви дом…
Коментарите се затворени