Како што информираат од Кино Милениум, доколку сеуште не сте го гледале документарниот филм на Тамара Котевска и Љубомир Стефанов „Медена земја“, не пропуштајте ја приликата да видите што го фасцинира светот.
За потсетување, ова е првпат филм од македонската кинематографија номиниран во две категории за Оскар.
Инаку, Оскарите ќе се случуваат на 9 февруари во ЛА, а „Медена земја“ ќе се натпреварува за најдобар документарен и најдобар странски филм- носителката на дејствието е пчеларката Атиџе која се бори за пчелите и за животот на своето семејство.
Автор
Сите Објави
Коментарите се затворени