3.8 C
Skopje
сабота, јануари 24, 2026
spot_img

Промоција на албуми на Нада Обриќ

Легендарната Нада Обриќ на „Охрид-фест“ го промовираше тројното це-де, составено од 50 песни. Всушност, идејата и изборот беше од страна на музичкиот гигант „Croatia Records“, најстарата и водечката дискографска куќа во Хрватска.
– Задоволството е огромно, вели Нада,- на едно место да ги имам песните што многу ми значат и што на некој начин публиката ги одбра. Се разбира тоа не е целиот мој репертоар, но времето е пред нас.“
Нада за првпат е во Охрид, иако вели пеела на скоро секој милиметар, ја „прокрстарила“ Македонија, од сите страни.
– Ја обожавам Македонија, луѓето се топли и срдечни, храната ви е без конкуренција, но над сето тоа е музикалноста на вашиот народ. Е токму на ова парче земја, каде велат не треба да пеееш, исто како што во Босна не треба да играш, ја правиме промоцијата- заврши иконата на фолк музиката.

Може да ве интересира..

Социјални Мрежи

3,852фановиДопаѓања
610следбенициследете
- Advertisement -spot_img

Препорачани објави

error: Содржината е заштитена