Ова лето за Ристе Тушевски, музичарот од Валандово, маестро на хармоника а неговите блиски велат и „сопругот на Јадранка“, беше особено динамично и весело. Вели, „горештините полека заминуваат а јас ги поминав турбо, со свирки, насекаде по Балканот.“
Во јуни Ристе беше во Петрич, Бугарија заедно со бендот „Амигоси“ а во јули и август свирките се случуваа во прекрасниот Струмички ресторан „Мерак“. Секако, не изостанаа и неговите маратонски вежбања на хармоника.
– Свирењето беше мојата главна преокупација, но летово, слободно можам да речам, ја напишав најубавата песна, што ќе ја изведеме на Филиграни.
Композицијата е насловена со „Летај песно“ а текстот е на Бранко Николовски.
Аранжманите ми се убав предизвик, овој пат песната содржи ризница од 20 инструменти, со четворогласна постава а ја снимив кај Љупчо Павловски- Бубе. Јадранка се надмина себе си во пеењето, така што фестивалот го очекувам со нетрпение и голема радост, бидејќи „Летај песно“ ќе остане запаметена и за генерации што доаѓаат- заврши Ристе Тушевски.
Фото – Од гостувањето во ТВ Алфа, со Драгица Стефковска
Коментарите се затворени