-0.2 C
Skopje
сабота, јануари 24, 2026
spot_img

Сања Илиќ, фронтменот на „ Балканика“: Секое доаѓање во древниот Охрид ми буди нови емоции

Сања Илиќ минатата година  во  Охрид  ја доби наградата  за  животно дело   и  вети  дека  на идниот , јубилеен  охридски фестивал ќе  дојде  со својата  група  „Балканика“.  И така бидна. Сања доаѓа со својот состав и вели:- „Секое  доаѓање во древниот  Охрид  буди нови емоции“. Тој ќе  настапи  во официјалната програма  на  Интернационалната вечер  од  фестивалот ’’Охридски трубадури’’   во шоу програмата  додека  трае гласањето.

Илиќ  годинава учествуваше  на  Евровизискиот  фестивал  во Лисабон  со песната  „Нови деца“ како претставник  на Србија, но неговиот прв евровизиски настап е со групата „Аске“.


Сања Илиќ минатата година во Охрид ја доби наградата за животно дело и вети дека на идниот , јубилеен охридски фестивал ќе дојде со својата група „Балканика“.

-Песната  ’’ Нови деца“  е  спој на традиционалниот и модерен  звук и  сметавме   дека  токму  таква композиција  најмногу одговара за  фестивал  каков што е  Евровизискиот. И покрај сите минуси што ги има, јас сакам да учествувам на изборот за песна на Евровизија   затоа што тоа е  најголемиот  и нај спектакуларниот музички  фестивал во светот. Да, прв пат со „Аске“ но, прв пат  на  домашниот избор  за  Песна  Евровизија  учествував  со 16  години  со песна која  тогаш ја исполни  една од најпопуларните  пејачки , Лола Новаковиќ. Го освоивме четвртото место  а  победници беа  „Дубровничките трубадури “  со  мелодијата  „Само  један  дан“.  Додека првпат на Евровизискиот  фестивал учествував  со песната  „ Ало,ало“,  која  требаше  да ја пее  Слаѓана Милошевиќ а придружните вокални   Изолда  Баруџија , Снежана Стаменковиќ и девојки од  КУД „Крсмановиќ“ предводени од  Викторија. Но, Викторија  ми предложи  дека подобро би било  да  настапат  само  девојките без Слаѓана и така на крајот  излезе. Тоа беше 1982  година  а две години  подоцна,  на југословенскиот  избор  за  Песна на Евровизија во Скопје, учествував со прекрасната балада  „Битанга и принцеза“  во изведба на  Слаѓана Милошевиќ и Дадо Топиќ. Иако  мелодијата не победи  ( визата zа  Евровизија  ја  добија  Владо Калембер и  Изолда  Баруџија   со песната „Љубовна  приказна“) ,таа  стана  вон временски хит и беше избрана  за хит на  деценијата.

Александар  Сања  Илиќ  потекнува  од познато белградско  семејство.Негови  прадедовци  биле  Алекса Жујовиќ , Солунец и  народен пратеник, и Јован Жујовиќ –претседател на Српската кралска  академија. Бабата  Зора и   дедото  Драгољуб  биле  лекари  додека  татко му Миодраг бил  композитор. Александар и  неговиот  брат  Драган  тргнале по стапките на  татко им. Драган   беше член на  групата  „Генерација 5“ и уредник  на  забавната рограма на РТС  а Сања- композитор и  водач на  групата  „Балканика“.Сања  Илиќ  беше оженет  со  артистката  Злата  Петковиќ(  Мис на  Југославија  1984 год и позната по ликот на  Марија  во телевизиската серија „Враќање на отпишаните“). Таа  почина  од мозочен удар  2012 година  а  2016  година тој повторно стапува во брак  со 23 години помладата  Татјана  Карајанов  од  Нови Сад.

Сања Илиќ во досегашната кариера има напишано  околу илјада песни кои ги исполниле познати пејачки  имиња  како Здравко Чолиќ ,  Маја Оџаклиевска, Даворин Поповиќ, Бисера Велетанлиќ, Габи Новак, Зденка Ковачичек, Дадо Топиќ, Златко Пејаковиќ ….Тој е  автор  на музиката   на повеќе театарски престави , филмови  и  тв   серии  („Село гори баба  се чешла“, музичко сценскиот спектакл  „Константинус  Магнус“, мјузиклот  „На слово на слово“, музиката за промотивниот спот на   Фондацијата  „Новак Ѓоковиќ“. Авторе  и на химната на познатиот белградски фудбалски клуб  „Црвена  звезда“- „Све  што смо желели, све  што смо хтели, то су нам дали црвено-бели“ за која  текстот го напиша  Љубивое Ршумовиќ.

-Јас  живеам за музиката и од музиката, вели дипомираниот архитект  Сања Илиќ,Во   поранешна Југославија музичарите живееја од   парите заработени на турнеите по Советскиот сојуз. Едно време беа  многу коњуктурни  шпански,мексикански песни, па потоа  грчките. Денес, ако погледнеме  добро, на естрадата не се променило многу,  и  денес  парите се заработуваат во странство. Некогаш  се продаваа плочи и касети, денес  тоа повеќе го нема, музиката  се продава во дигитално пакување, вели тој.

Може да ве интересира..

Социјални Мрежи

3,852фановиДопаѓања
610следбенициследете
- Advertisement -spot_img

Препорачани објави

error: Содржината е заштитена