9.8 C
Skopje
недела, јануари 25, 2026
spot_img

„Статуафест-другото лице на улицата“ со светски артисти, диџеј сетови, концерти, џез матине…

Позната е програмата на Интернационалниот уличен уметнички фестивал „Статуафест – Другото лице на улицата“, кој ќе се одржи на 14 и 15 овој месец на улица „Македонија“ со почеток во 18 часот а ќе трае до полноќ. На овој фестивал ќе учествуваат светски познати артисти, како што се „Ел трио ла ла“ од Барселона, кои се светски прваци на интернационалниот натпревар за живи статуи во Архем, Холандија, а покрај оваа имаат освоени и уште неколку други награди. Ни доаѓа и артист  од Украина, кој е заштитно лице на фестивалот, а ќе настапи со актот „Mr. Show time“. Потоа ќе дојдат артисти од Бугарија, Србија, а ќе настапуваат и живите статуи од македонската продукција „Театроск“ која е организатор на овој фестивал. Актот „Контрабас“ со кој „Театроск“ освои прво место на интернационалниот натпревар за живи статуи на фестивалот „Зигет“ во Унгарија, исто така ќе биде претставен пред македонската публика.
Освен живи статуи, свој музички сет ќе има диџеј Соња Исмаил, а свој концерт ќе оддржи и познатата скопска група „Пеперминт“. Овие два настапа ќе се одржат  на 14 септември.
Следниот ден, на 15 месецов програмата е поинаква, па паралелно со настапот на живите статуи свое џез матине ќе има Бојан Чакра, а музика ќе пуштаат и скопски урбани ликови, и тоа Никола Димитров, Билјана Секуловска, Анте Попоски, Бранка Костиќ -Марковиќ, Џабир Дерала и Иво Антов.
Главен покровител на фестивалот е град Скопје.

претходна објава,
наредна објава

Може да ве интересира..

Социјални Мрежи

3,852фановиДопаѓања
610следбенициследете
- Advertisement -spot_img

Препорачани објави

error: Содржината е заштитена