Заврши големото финале на „Мел Фест талент шоуто: Ѕвезда број 1“, каде Јована Здравевска, со доминантен број гласови од жирито извојува супериорна победа.
Организаторот на манифестацијата „Арт 10 продукција“ од Прилеп со својот тим- директорот Пеце Стоикоски и уметничкиот директор Елена Петреска и секако жирито кое низ 6-те полуфинални вечери дојде до најдобрите финалисти- Јована Здравевска, Зоран Милорадовски, Славица Ангелова, Марија Цветаноска, Милица Трајкова, Александра Трајческа, Сабина Мустафче, Кристијан Марковски, Сара Гигова, Ангела Илиева, Анастасија Аврамоска и Барбара Ракичевиќ, ја потврди потребата од овој тип на музичко шоу.
Ангела Илиева
Како и да е, „Арт 10 продукција“ донесе нови музички сили, јавноста ги забележа талентираните млади луѓе, кои порано или подоцна, секако ќе станат дел од естрадното миље.
Анастасија Аврамовска
Инаку, ова беше скоро едногласна победа на младата битолчанка -стандардното, продукциското и специјалното жири, составено од познатите музички, композиторски имиња како и од луѓе од бизнис секторот, сите гласаа за Јована, со што се потврдија стандардите на Арт10 Продукција, каде своевремено Тоше Проески го имаше својот прв настап.
Квалитетот не изостана и кај другите кандидати, ама тоа е неизбежно кај нас јужњаците: едноставно, ние сме најмузикална нација.
Мала голема победничка
Јована е од Битола, има 13 а пее од својата 5-та година. Музичкиот талент и е неоспорен, едноставно родена е за музика: првиот настап и е на фестивалот „Тра-ла-ла“ каде се пласира на 3. место. На „Приштина Кидс Фест“ го повторува успехот а следните нејзини настапи се во 2017 и 2018 година, на фестивал „Арт Ин Охрид“, каде пласманот и е на врвот. Често пее и наградите и се дел од секојдневието.
Во 2017 и 2019 година, на државниот натпревар за вокален солист
организиран од Министерството за образование, освојува две први места. И тоа не е се- минатата година учествува на државен натпревар за вокален солист по Француски јазик организиран од Француската франкофонија во Тетово и освојува втора награда.
Истата година на истиот настан, овој пат одржан во Битола, освојува прва награда и Гранд При награда за најуспешен настап.
Освен што убаво пее, Јована пишува и компонира песни најчесто на англиски, кој го владее како мајчин јазик, и годинава на 6 април со две свои песни, што ги изведе на пијано настапи на фестивалот „Андерфест“.
Јована испеа химна за своето училиште „Даме Груев“ во Битола за што има и запис на YOUTUBE каналот.
Кога не пее, таа е иста како нејзините врсници, со големи сништа што почна да ги сонува на јаве. Победата на Ѕвезда бр 1, додатно ќе ја активира најсериозно да и се посвети на музиката.
Коментарите се затворени