Фолк пејачката Јасмина Мукаетова, која живее во Америка, по 11 години и се врати на песната. Таа од Америка дојде со идеја да ги преработи старите македонски песни „Дејгиди луди млади години“ и „Море сокол пие“.

-Песните се со нови аранжмани кои ги работеше Николче Мицевски. Во етно џез стил се и прекрасно се спакувани. Вчера го завршив снимањето на спотот за „Дејгиди луди млади години“ и некаде околу 15 септември ќе биде готов. Спотот се снимаше на Тиквешко Езеро, а режисер е Горан Костадинов. Два дена снимавме. Спотот има приказна и првиот ден се снимаше со деца. Мојот син Дине глуми и Теа мојата внука која ме глуми мене на млади години. Вториот ден се снимав јас. И презадоволна сум, вели Јасмина.

Песната е нејзина голема љубов, но 11 години направи пауза бидејќи се посвети на мајчинството.
-Песната многу ми недостасуваше сите овие години ама се посветив на мајчинството. Ми беше желба, сакав да го направам ова одамна ама секогаш кога ќе дојдам од Америка немам време. Сакав да снимам албум со 10 песни ама и овој пат за албум немам време. Ќе се потрудам во иднина секогаш кога си доаѓам да снимам нешто ново. Ова што го правам не е комерцијално. Го направив само заради мојата голема желба. Само заради мојата голема љубов кон песната, додава Јасмина.


