Адријана Алачки, претседателка на „ГастроМак“: Натпреварот ќе биде од национален карактер и лоциран во „New Albis“ во Гостивар

Годинава, поради општата глобална состојба со пандемијата, во „новата нормалност“ се одложуваат настаните, фестивалите се одржуваат во скратено издание, физичката дистанца и здравствените препораки не дозволуваат ивентите да останат исти… Што ќе се случува со петтото издание на Интернационалниот гастрономски натпревар „ГастроМак 2020“?
– „ГастроМак“ како национална асоцијација на готвачи и членка на WACS на светската федерација на готвачи, како што е информирана јавноста, секоја година е организатор на најголемиот натптревар, не само на Балканот, туку и во Југоисточна Европа. Целта е гастрономската култура да се крене на скала повисоко, но најважен е едукатувниот момент упатен кон нашите млади ученици и студентите по гастрономија. И оваа година проектот на „ГастроМак“ е поддржан од Министерство за култура, но за жал поради корона пандемијата, а следејки ги мерките и здравствените препораки, ќе имаме поинаков натпревар, но секако го одржуваме континуитетот.
Годинава „ГастроМак“ е со национален карактер и со натпреварувачи единствено од Македонија, со строго пропишани правила и прописи. Настанот поради пандемијата ќе биде од затворен тип и ќе се случува во „New Albis“ во Гостивар.


Ќе се случува и гастрономскиот караван, со повеќе мали, интерни натпревари во повеќето градови во земјата. Судиите на „ГастроМак“ ќе бидат задолжени за организацијата на натпреварот, за пропозициите за натпреварувачките боксови и составот на судускиот тим.

Минатата година во Охрид, на овој исклучителен настан присуствуваа 90 WACS судии, мастерклас предавачи, едукатори, врвни глобални гастрономски шефови, над 300 натпреварувачи од 30 земји од светот… Импресивно и многу моќно, брендот „ГастроМак“ беше домаќин на овој интернационален гастрономски спектакл. Од оваа временска дистанца, какви ви се впечатоците?


– Да, фактите зборуваат за тоа што се случуваше изминатите години на „ГастроМак“. Македонија беше центар на гастрономската светска мапа и сите светски патишта водеа до нашата земја. Фрапантни беа бројките и присуство на WACS судиите, кои допринесуваа „ГастроМак“ да стане европски гастрономски бренд. Во Охрид ни гостуваа Шеф Љубица Комљениќ- со престижна А лиценца за WACS судија и директор на 200 мишелин- шефови во Италија, Доменико Маџи, директор на WACS за југоисточна Европа, Стево Карапанџа, Драгица Лукин, Жељко Бремец, Исток Легат, Вуко Митровиќ, Томас Возгељ, Ѓорѓе Костиќ, Нермин Хоџиќ …и „ГастроМак“преку нив ги обедини сите поранешни југословенски републики, но имавме и светски познати гастрономски судии, вистински ѕвезди, како Алан Пајен, Џанлука Томази, Дон Давид, Мишел Луис Ленц.., потоа, судиските тимови од Италија, Франција, Азербеџан, Русија, Дагестан, Украина, Турција, Албанија, Монголија, Кина…Четири дена во Охрид празнуваше гастрономијата, покрај натпреварувачкиот дел се случуваа презентации на сите наши но и на светските кујни, се случуваше „Фиш фестивалот на Дон Давид“ каде готвеа најпознатите шефови на кујни…

Сето тоа беше неверојатно искуство за нашите ученици и студенти, и навистина сум горда на презентацијата на нашата земја, која беше рамо до рамо со светската гастрономска елита.

Позната како жена од акција, веројатно веќе имате идеја каков ќе биде „ГастроМак 2021?
– Благодарам на комплиментот, една работа останува непроменета а тоа е кога ќе се спомене „ГастроМак“, да се мисли на лидерскиот тим, шеф Љупчо Гиевски, New Allbis и Бесим Латифи, Агенцијата за маркетинг и медија „Прогресива“ и директорот Сашо Чокаковски и нашиот ПР Вања Тодоровска, кој е непроменлив.
Секако, при крајот на годината ќе имаме годишно собрание и промена на извршниот директор и поставување на нови одговорни лица, што значи докажување во лидерските способности и секако и проширување на бројот на членови и нивните ментори.

7дена.мк

Би можело да ве интересира Повеќе од овој автор

Коментарите се затворени

error: Content is protected !!