Кога се соочивме со првите случаи на КОВИД-19 во Република Северна Македонија, еден од главните проблеми, особено кај пациенти со карцином, беше недостатокот на информации и неизвесноста. Тоа беше најважната и главната причина за страв на изолираните пациенти.
Едно од најважните прашања беше дали здравствените установи функционираат за време на оваа криза, беа потребни информации за континуитетот на третманот и болничките системи.
Досегашните добри релации и комуникација со Министерството за здравство, како и со раководителите и докторите од Клиниката за хематологија и онкологија, ни помогнаа да го премостиме јазот на информации преку обезбедување на веродостојни, професионални и ажурирани информации за да ги поддржиме и олесниме нивните грижи и напнатост.Она што го сторивме во БОРКА беше воспоставување координирана комуникација меѓу координаторите во градовите и нивно поткрепување со информации за кратко време. Потоа, на нашата веб-страница и страница на Фејсбук ги објавивме сите телефонски броеви од градовите каде што имаме координатор на македонски и албански јазик.
Континуирано ги собираме сите достапни информации поврзани со пациенти со карцином и истите ги споделуваме на Интернет. Бидејќи веќе имаме групи, апликација и веб-страница, нашите членови имаат можност да поставуваат прашања и на истите да добиваат одговори.
За информациите за кои не сме информирани, комуницираме со лекари, онколози, претставници од Министерството за здравство, Министерство за труд, консултирајќи ги за размена на транспарентни информации за кои се засегнати пациенти со карцином и нивните старатели.
Продолжуваме да работиме, споделуваме релевантни информации, даваме секој ден психолошка поддршка преку Интернет и СОС помош и се надеваме дека овој светски пандемски проблем ќе заврши наскоро.
Коментарите се затворени