Бања со жалфија, за релаксирање

Дивата жалфија расте на оголените ридови на јужна Франција. Ова лековито растение кај нас најчесто се одгледува како балконско, го знаеме како чај а се користи и за гаргара.
Лисјата на жалфијата, покрај тоа што им даваат медитерански шмек на тестенините, често се користат како бања за нега на кожата и за релаксирање.
Рецепт:
За почеток, 100 г жалфија прелијте ја со 1 литар жешка вода. Оставете да отстои 15 минути, исцедете а потоа измешајте со неколку капки маслиново масло. Измачкајте се со течноста, а потоа ставете ја во водата за бањање.
Ќе се изненадите од ефектот- кожата ќе ви стане мека а вие ќе се чуствувате како да сте медитирале.

Би можело да ве интересира Повеќе од овој автор

Коментарите се затворени

error: Content is protected !!