5.8 C
Skopje
недела, февруари 16, 2025
spot_img

Божидар Волф од словенечкиот бенд „Рандеву“ настапува на Интернационалната вечер на „Охрид фест“

Шармантниот Божидар Волфанд Волф, на публиката познат како член на мега популарниот бенд од 80-тите, Рандеву (Rendez-Vous) ќе настапува на 28-мото издание на „Охрид фест“, на Интернационалната вечер закажана за 11 септември.
Оваа словенечка група стана вистински хит во некогашната Југославија кога од Вардар до Триглав се пееше нивниот хит „О не шери“(Oh Ne, Cherie), на Ѓорѓе Новковиќ, што момците ја изведоа на „Југовизија 1983“ во Скопје.

Истата година „Рандеву“ издаде и албум, што го достигна платинестиот тираж. Беа тоа години на нивните најголеми успеси, концерти и настапи.
Понатаму, Божидар кариерата ја градеше во бендови со песните „Гудбај Мишел“, „Прв рандеву“, „Сини очи“, потоа, преку композиции што му ја одбележаа соло кариерата: „Ангел чувар“, „Колку солзи“, „Нема да ме повреди“, „Малата принцеза“ и „Не ме лажеш“ а пишуваше и за други поп-уметници.
Во 1992 година Волф се сели во Америка, на Флорида, за да пред неколку години се врати во својата сакана Словенија. Како што ни рече, настапот на „Охрид фест“ особено го радува, најмногу поради средбата со македонската публика.

Може да ве интересира..

Социјални Мрежи

3,852фановиДопаѓања
610следбенициследете
- Advertisement -spot_img

Препорачани објави

error: Содржината е заштитена