Бојана Скендеровски: „Круна“ за сите жени што го остварија сонот

„Круна“ е новата песна на Бојана Скендеровски, внимателно и темелно градена, како што заслужува една круна. Музиката е на Николче Мицевски, текстот на Сара Пројковска а снимана е во студиото на Дејан Момироски.
– Со Николче одамна се договоравме дека ќе направиме песна, но добри 2 години не се погодуваше моментот, и дефинитивно пред 3 месеци добив абер дека има нешто што би ми прилегало…Со Сара се разбравме од првиот момент, таа мојата приказна ја преточи во зборови, и тоа моќни- раскажува Бојана.
„Круна“ е песна за жена која го остварила својот сон, поминала низ многу премрежја, и денес со гордост ја носи својата круна, како симбол на силата и издржливоста која ја нашла во себе…


Спотот се снимаше на 3 локации,  продукција е дело на „Скендеровски“, директор на фотографија е Рики Пејовски, а драгата пријателка на Бојана, креаторката Ива Спасовска комплетно ги изработи костимите за спотот, кој ќе биде промовиран на stream live, на фан пејџот на хероината на овој текст.
„Круна“ е парче добра музика, совршено вклопена во стиховите во кои навистина ќе уживате.

7дена.мк

Би можело да ве интересира Повеќе од овој автор

Коментарите се затворени

error: Content is protected !!