Верувања: На 1. јануари не смеете да миете садови

Препораките кои следуваат претставуваат верувања на народот, некои правила на однесување поврзани со 31 декември и 1 јануари, за кои се верува дека во наредната година ќе донесат среќа или несреќа.
ЗАДОЛЖИТЕЛНО Е:
1 Гушкање на драги луѓе – на полноќ задолжително изгушкајте ги драгите луѓе околу вас. Тоа е гаранција дека блиските и емотивни врски кои ги имате со нив ќе траат и во наредната година.
2 Резерви од храна и пари – се верува дека Новата година треба да ја пречекате со многу (дури и малку повеќе) храна во фрижидерот. Покрај тоа – во секој паричник кој го имате во домот ставете пари, особено во оној што го користите. Тоа е знак дека и следната година ќе помине во благосостојба.
3 Платете ги сметките и вратете ги долговите – сите сметки платете ги пред празникот и 1 јануари дочекајте го „чисти“. Истото важи и за долговите кои евентуално ги имате спрема деловните партнери, драгите луѓе и сл.
4 Првата личност која ќе стапне во вашиот дом по полноќ – кој ќе влезе прв во домот е важно, бидејќи се смета дека таа личност значително ќе влијае врз вашиот живот во наредната година. Еве неколку суеверија на таа тема:
– личноста би требало да тропне и со радост да биде пуштена во домот
– исто така би било добро да ви донесе некој мал подарок – за среќа и благосостојба
– пожелно е тоа да биде млад, убав маж
– не би требало никој да излегува од домот пред да дојде гостинот
5 Јадење – пожелно е за Нова година да јадете прасечко месо и зелка. Секако и тоа има основа во народните верувања. За разлика од кравата, на пример, која е релативно мирно суштество и не мрда многу, прасето е подинамично животно. Затоа се верува дека оние кои ќе јадат прасечко за Нова година, ќе напредуваат идната година. Зелка? Нема некоја особена причина за тоа – освен тоа што оди добро во комбинација со прасето.
6 Работа- сработете нешто минимално на првиот ден од Новата година, иако е празник. Тоа значи дека ќе имате работа и во наредната година.
7 Облека – добро е во новогодишната вечер да облечете нешто ново. Исто така, се смета дека црвените гаќички се среќни зашто симболизираат среќа во љубовта.
8 Отворете ја вратата и прозорците и правете што поголема врева – вратата и прозорците се отвораат на полноќ, за старата година што „полесно“ да си замине и да и го отстапи местото на новата. Со вревата ги бркате злите духови – па затоа погрижете се да биде што поголема…

НИКАКО НЕМОЈТЕ:
1 Да пропуштите да им честитате на драгите луѓе – се смета дека во тој случај Новата година ќе ви донесе емотивно студенило и дистанца
2 Не позајмувајте пари – ни на 31 декември ни на 1 јануари, зашто таквиот почеток на годината претскажува 12 месеци материјални проблеми
3 Не изнесувајте ништо од дома на 1 јануари – ништо буквално значи ништо! Ова важи дури и за ѓубрето. Буквално баш ништо не смее да го напушти вашиот дом во првиот ден од Новата година
4 Првата личност која ќе стапне во вашиот дом по полноќ не би требало да:
– биде жена, се смета дека тоа носи несреќа
– за баксуз се смета и ако тој што ќе влезе дома има русокоса или црвена коса
– секако ова не значи дека не треба да им отворите врата на роднините со руса или црвена коса кои по полноќ ќе дојдат да ви честитаат
5 Се смета за лош знак ако на првиот ден од Новата година јадете пилешко или мисиркино месо. Причина за ова верување е што во многу култури домашните птици се сметаа за „валкани“, а таа „валканост“ е всушност симбол за сиромаштија и лоша материјална состојба.
6 Работа – се смета дека не е добро да се преработите на 1 јануари (само ситници). Големиот ангажман, особено започнување на некои нови активности значи дека нема да бидат успешни
7 Перење – немојте да перете или да миете садови на 1 јануари. Во некои култури постои верување дека ако перете на овој ден – тоа значи дека ќе „исчезне“ некој од куќата во наредната година
8 Кршење, плачење – внимавајте првиот ден од годината да не скршите нешто, зашто тоа се смета за лош знак. Исто така избегнете го и плачењето зашто во тој случај се смета дека оваа активност ќе ве следи цела година
9 Време – кога ќе се разбудите во првото утро од годината, погледнете преку прозорецот да видите какво е времето. И за времето постојат длабоко вкоренети суеверија:
– ако ветерот тој ден дува од југ значи дека наредната година ќе биде добра и богата
– ако е од север – цела година ќе биде ладна и со лошо време
– ако дува од исток – годината ќе донесе страдања и неволји
– ако дува од запад (ова е најчудно) – ќе има доволно риби и млеко, но една важна светска фигура ќе умре
– ако нема воопшто ветер на 1 јануари – не` чека весела и богата година.
Фото: Pexels

Би можело да ве интересира Повеќе од овој автор

Коментарите се затворени