Новогодишно мени на Шеф Маре Јаневска : Префинета глетка и добар вкус
Потпечено „камемберт“ сирење со сос од домат и лук
Потребни состојки: 1 парче камемберт, 2 чешниња лук, 1 свеж домат, 4-5 гранчиња свеж див тимјан, бибер, маслиново масло.
Во сад за печење дното се обложува со хартија, доматот и лукот се лупат и сецкаат на ситно. Се става половина од доматот и лукот на хартијата за печење и се додаваат половина од гранчињата тимјан. Врз нив се става сирењето и врз него се додаваат преостанатите домат, лук и тимјан. Се додава бибер и се попрскува со маслиново масло. На крај се содаваат неколку маслинкиврз сирењето и се покрива со алуминиумска фолија, која добро се затвора од сите страни.
Се пече во загреана рерна на 220 степени, околу 8-10мин.
Совет: Се препорачува да се конзумира веднаш откако ке се потпече, заедно со свежа зелена салата и потпечени парчиња домашен леб.
Мариниран туна стек во сос од чили и микс од семиња
Потребни состојки: 1 парче свежа туна, 2 чешниња лук, 2 лаж соја сос, малку сок од лимон, сол, бибер, маслиново масло, свежо чили, мешавина од семиња.
Туната се посолува, се зачинува со бибер и сок од лимон. На врела нелеплива тава за пржење, се додава 1 лаж маслиново масло. Кога ке се загрее, се става парчето туна да се пржи. Потребно е да се пржи од сите страни по 1мин., колку да добие кора.
Се трга туната од тавата на даска за сечење и се остава да се одмори. Во меѓувреме, во садот се додава уште 1лаж маслиново масло, лукот и сецкано чили на тенки ленти. Заедно се пропржува многу кратко и се додава соја сосот, и мешавината од семиња.
Во чинија за сервирање се става парчето туна поделено на две, се прелева со сосот и се додава малку свеж магдонос и парче лимон.
Шкотски стек
Потребно е: 200гр. телешки стек (може да се користи пилешки стек, бифтек, свинско филе), 1 домат, 5-6 свежи шампињони, 1 кромид, 2 чешниња лук, 70гр. путер, 100мл. крем за готвење, сол, бибер, виски.
Подготовка : Се зачинува месото и се сече на долги ленти широки околу 3см. Се остава да одстои додека се припрема сосот.
Се сецка кромидот на долги ленти, доматот и печурките се лупат и се сецкаат. Печурките на крупно а доматот Конкасе. Се пропржува кромидот на 1 лажица путер, па се додаваат печурките. По 2-3мин., Откако ќе испари течноста се додава доматот и се готви уште 2 мин. Потоа се додава кремот за готвење и се заедно се врзува. На крај се додаваат лукот (сецкан) и вискито и се додава и сецкан магдонос по желба. Се зачинува со сол и бибер.
Во посебна тава на оган се става 30 гр. путер и малку маслиново масло. Кога е добро загреана ги додаваме парчињата месо и ги пржиме кратко на висока температура. Во чинија ги редиме парчињата стек по желба и ги прелеваме со сосот. Декорираме со парчиња лимон и домат и свежи зачински билки.
Совет 1 : Остатоците од сосот соберете ги со едно парче тазе домашно лебче. Вака задоволството е уште поголемо.
Совет 2 : Овој сос може исто така да се користи и како вегетаријанска варијанта со тестенини.
Крем бруле
Потребни состојки: 250гр крем за готвење, 100мл полномасно млеко, 1 ванила, 5 жолчки, 50гр шеќер.
Во сад на оган, ставете го кремот за готвење, заедно со млекото да се загреат. Додајте ја ванилата.
Жолчките се матат заедно со шеќерот, да се добие кремаста структура. Кога ке се загреат кремот и млекото, додајте ги во жолчките и мешајте со жица. Кога заедно ке се измеша, се процедува низ цедалка и се дели во неколку мали здели за печење. Со лажица се отстранува пената од површината на кремот и се редат во длабок плех, во кој се додава вода до половина на зделите. Се пече на 160 степени, околу 35 мин. Потоа се вадат од рерна и се редат во фрижидер, неколку часа.
Пред сервирање, кремот се посипува со шеќер и се потпекува со бренер, да се карамелизира.
Совет: Доколку не ги конзумирате сите, не ги карамелизирајте, затоа што од стоење, крцкавиот карамел ќе омекне и ќе добие тегава структура.
Коментарите се затворени