Драги читатели
Никогаш не сум била добра со разделбите, така и сега- останаа уште неколку часа од 2018, па и ако не беше розова година, пак имам кнедла во грло…Многумина од нас во изминатите 365 дена видоа, научија и запомнија. Се повтори, се зацврсти и, дефинитивно се засака животот, а чувствувам, и тој се вљуби во нас. А во такви непредвидливи животни изненадувања се раѓаат вредните нешта, така и настана Порталот – 7дена.мк, што на 7 јануари брои 7 месеци од постоење. Уште една седумка!
Драги наши!
Не доаѓаат сите олуи за да го уништат животот, некои доаѓаат за да го расчистат патот.
Да ги отвориме сите врати и прозорци за 2019! Да го отвориме срцето за Новата, само наша година!
Се читаме!
Коментарите се затворени