Вечерва, на првиот канал на МРТ, во 21.05ч ќе се емитува снимката на Фолк вечер на Интернационалниот „Охрид фест“ што се снимаше во саботата по полноќ на сцената Долни Сарај во Охрид.
Шеснаесет песни, многу познати имиња (Благица Павловска, Перо Христов, Барбара, Нино Величковски, дуетот Баже Груевски и Сани, Ирена Спасовска, Ибуш Ибраимовски, Петар Нечовски…), групата „Скопски боеми“ која настапи во ревијалниот дел и Каролина Петковска која ја водеше оваа специјална музичка ноќ, се доволна причина да го проследите фестивалот што годинава го имаше 28-мото издание.
Веќе следниот ден, во вторник, (14 септември) во истот термин- 21.05ч на националниот сервис ќе биде прикажана Интернационалната вечер.
На сцената на Долни Сарај се слушнаа 19 песни, покрај нашите изведувачи, гостуваа пеачи од Хрватска, Словенија, Србија, Бугарија, Албанија, Црна Гора, потоа, Владо Калембер имаше свое шоу, а Маријана Станојковска беше водителката на Интернационалната вечер.
Многу причини вечерва да останете на првиот канал на македонската телевизија: не го пропуштајте „Охрид фест“!