Вечерва и утре, (2 и 3 септември) 29-то издание на „Охрид фест“

Се е подготвено за 29-тото издание на „Охрид фест“: сцената на Долни Сарај никогаш не изгледала помоќно, изведувачите се пристигнати, па и покрај дождливото време, владее вистинска фестивалска еуфорија и добро расположение.
Време е да почнеме!
Како што веќе информиравме, директниот пренос го прави МТВ, вечерва, петок- од 20,15 ч на првиот канал на МТВ ќе се пренесува Фолк вечер, со шеснаесет нови песни и многу познати имиња ( Наум Петрески, Благица Павловска, Зуица Лазова, Баже Груевски, Петар Нечовски, групте „Академци“, „Чардаш“… ) а сите тие, со здружени сили ќе ја направат оваа вечер навистина посебна. За да се биде како што треба ќе се погрижи Каролина Петковска, домаќин на оваа специјална музичка ноќ, што е вистинска причина да го проследите фестивалот.

Во втората, Интернационалната вечер, сабота, на 3 септември, домаќините Марјана Станојковска и Васил Зафирчев ќе ги претстават сите учесници: ќе проследиме настапи на етаблирани музички имиња од Балканот- омилениот Владо Калембер, кантавторот Срѓан Марјановиќ, групата „Рандеву“ од Словенија, Тони Мишел од Филаделфија и секако – дебитанти, на кои „Охрид фест“ им дава фантастична можност за промоција.
Специјалното интернационалното жири ќе ги даде своите гласови на најдобрите, а годинава ја имаме и новинарската награда, акредитираните медиуми ќе ја одберат песната што на нив оставила најдобар впечаток.
Самиот фестивал создаде многу традиции а една од нив се традиционалните награди за промоција на музика на Балканот, што годинава им припадна на Гарабет Гаро Тавитјан и Мирослав Илиќ.

Преносот на фестивалот е преку националниот сервис, а големиот интерес за него го потврдуваат и странските телевизии што го пренесуваат, па така „Охрид фест“ се гледа и во Србија, Хрватска, Црна Гора, Словенија, Босна, Грција, Албанија, Бугарија.., односно на -Гранд телевизија, ТВ Црна Гора 2, Балканика, Хит ТВ, Нон Стоп ТВ, Тв Нови Пазар, Белами, Визион, ТВ 3 и секако преку сателитскиот канал кој може да се проследи и во Америка и Канада.
„Охрид- фест“ повикува – да гледате, слушате и уживате!

ФОЛК ВЕЧЕР

1.Ирена Петрова и Игор Нејков – Љубовта трае само миг
Музика -Цане Петров
Aранжман-Цане Петров
Текст -Огнен Неделковски

2.Ѓоко Дичоски –Алтан душа
Музика –Гоце Џуклевски
Aранжман –Љупчо Соколовски
Текст -Гордана Тасевска

3.Јасмина Атанасова – Роза румена
Музика – Љупчо Соколовски
Aранжман –Љупчо Соколовски
Текст – Орце Зафировски

4.Кирил Белистојановски – Изгрејсонце
Музика –Гоце Џуклевски
Aранжман –Љупчо Соколовски
Текст-Илче Ѓорѓијоски

5.Милован Секуловски и Група Ишарет – Душа голема
Музика –Томислав Коцевски-Пепси
Aранжман –Дејан Миленковски
Текст – Томислав Коцевски-Пепси

6.Анета Арсовска – Кафанска песна
Музика – Цане Петров
Aранжман – Цане Петров
Текст -Цане Петров

7.Група Чардак – Боже фала
Музика – Симе Нелоски
Aранжман – Симе Нелоски
Текст- Симе Нелоски

8.Менде Куновски – Мастило
Музика – Суат Усеин -Цуле
Aранжман – Ташко Грујовски
Текст-Борче Нечовски

9.Петар Нечовски – Секоја вечер
Музика – Иво Горов
Aранжман –Јовица Каралиевски
Текст-Огнен Неделковски

10.Катерина Танева – За тебе ја пеам “Запри дожду”
Музика- Иво Горов
Aранжман –Љупчо Соколовски
Текст-Огнен Неделковски

11.Група Академци – Бура е
Музика –Орце Лазаров
Aранжман –Дарко Илиевски
Текст -Борче Нечовски

12.Стојне Николова – Аманет
Музика – Бобан Мојсовски
Аранжман –Бобан Мојсовски
Текст- Јане Рафаиловски

13.Благоја Грујовски – Лилјана
Музика – Иво Горов
Аранжман –Владимир Дојчиновски
Текст- Иво Горов

14.Благица Павловска – Усни на усни
Музика – Баже Темелков
Aранжман – Дарко Тасев
Текст- Баже Темелков

15.Зуица Лазова – Да ме носиш в Охрид
Музика – Милан Завков
Аранжман –Милан Завков
Текст-Борче Нечовски

16.Наум Петрески – Не се откажав
Музика –Дејан Момироски
Аранжман –Дејан Момироски
Текст-Борче Нечовски
———————————————————————————————————–
Во ревијалниот дел ќе ја слушнеме гостинката од Црна Гора-
МИЛИЦА ВОЈИНОВИЌ

ИНТЕРНАЦИОНАЛНА ВЕЧЕР

1.Теодора Стјеповиќ – „Сањам те“ – музика и аранжман: Дејан Божовиќ, текст: Наташа Жугиќ
2. Трио Џентлмен – „Ти” – музика и текст: Дејан Стоев, аранжман: Јане Дунимаглоски
3. Тони – „Ела и
ме спаси“ – музика и текст: Антоанета Георгиева – Тони, аранжман: Штерион Пилидов
4. Arianne – „Сјај” – музика: Arianne, текст: Arianne & Senka Dodig, аранжман: Иле Спасев
5. Ник – „Ни солзи ни вино” – музика и текст: Иво Горов, аранжман: Владимир Дојчиновски
6. Vesa Smolica – „Kaj” – музика и текст: Vesa Smolica, аранжман: Gezim Lazri
7. Мила – „Твоја сум” – музика и аранжман: Давор Јордановски, текст Борче Нечовски
8. Александар Јосифовски и Белма Хусеинфедиќ – „Глупаво е да си сам” – музика: Горан Шарац, текст: Огнен Неделковски, аранжман: Алексадара Валенчиќ
9. Андреа – „Close to the sun” – музика, текст и аранжман: Александар Масевски
10. Expose – „This love will last forever” – музика и аранжман: Expose, текст: Цветелина Маринова
11. Моника Кнезовиќ – „Молекул” – музика: Владимир Гариќ, текст: Снежана Вукомановиќ, аранжман: Иван Бранисављевиќ
12. Ненад Цвијетиќ – „Верна и неверна” – музика: Младен Динкиќ, текст и аранжман: Саша Милошевиќ Маре
13. Бојана – „Колку добро љубиш” – музика: Хрис Марин, текст: Огнен Неделковски, аранжман: Владимир Дојчиновски
14. Јуре – „Не постојим кад ниси ти“ – музика и текст: Мирослав Рус, аранжман: Мирослав Рус и Михаел Блум
15. Марија – „Засекогаш твоја” – музика: Иво Горов, текст: Огнен Неделковски, аранжман: Владимир Дојчиновски

ВО БЛОКОВИ ЌЕ НАСТАПАТ
*Томи Мишел
*Срѓан Марјановиќ
*Рандеву
*Владо Калембер

Би можело да ве интересира Повеќе од овој автор

Коментарите се затворени

error: Content is protected !!