5.8 C
Skopje
сабота, февруари 15, 2025
spot_img

„Вино на штикли“ на 23 јуни: Ноќ за паметење во „Форца“

По пауза од две години, се враќаме на традицијата: на 23 јуни- четврток, од 19 часот па се до полноќ, во ресторанот „Форца“ по 4-ти пат ќе се случува единствен настан кој на едно место ќе ги собере – најдобрите вина, жени на штикли (со што се потенцира дрес кодот за оваа посебна ноќ) и секако, мажи со вкус.
Ова е вистинско место за вашите најдобри штикли бидејќи ве очекува фантастично модно изненадување.

Виното и жените се најопеаните нешта на светот а кога на ова ќе се надодадат вкусните специјалитети на ресторанот Форца, настапот на поп ѕвезда Викторија Лоба, која за оваа вечер има специјален репертоар, навистина се работи за ивент што не се пропуша.

Внимавајте: во цената на билетот (1200 денари) е вклучена дегустација на над 100 различни вина од 15 македонски и странски винарии кои ќе бидат спарени со вкусните залчиња на Форца.
Најважно од се е да набавите или резервирате влезница на време, бидејќи сите патишта на 23 јуни ќе водат кон овој популарен скопски локал.
Бројот на гостите е ограничен, а влезницит се продаваат единствено во Форца.

П.С. И не заборавајте. Со виното е исто како со страст: треба да се пробаат сите вина, од некое се доволни само неколку голтки а некое треба да се испие до крај.
Се гледаме!

Може да ве интересира..

Социјални Мрежи

3,852фановиДопаѓања
610следбенициследете
- Advertisement -spot_img

Препорачани објави

error: Содржината е заштитена