Витаминот „Ц“: Апсолутно супериорен!

Во времето на пандемија на вирусот корона, многу е важно редовно консумирање на витаминот „Ц“. Тој навистина зајакнува и го продолжува животот
Најголем непријател на овој но и на останатите витамини е алкохолот, цигарите, антибиотиците и разните лекови за смирување, таблетите за контрацепција, вештачките додатоци во храната..
Еве зошто е драгоцен витаминот Ц.


*Ја зајакнува отпорноста на организмот (1 гр на ден)
Витаминот Ц ја поттикнува активноста на имунолошките клетки, ги уништува бактериите и го зголемува бројот на големите заштитници на организмот: белите крвни зрнца – лимфоцитите. Истражувањето спроведено врз 6.600 луѓе покажало дека овој витамин го намалува времетраењето на настинката и јачината на симптомите во просек за четвртина ако се зема 1 гр на ден, а, исто така, помага и кај инфекции.
* Го зголемува капацитетот на белите дробови (повеќе од 150 мг на ден)
Лицата кои недоволно внесуваат витамин Ц (помалку од 66 мг на ден) имаат послаб капацитет на белите дробови, кој може да се споредува со оној на неколкугодишен пушач. Ако се зема витамин Ц повеќе од 150 мг дневно, тогаш се подобрува капацитетот на дробовите, а тоа е многу важно, бидејќи добриот капацитет го продолжува животот. Имено, едно истражување покажало дека додатокот од 500 мг витамин Ц на ден, ако се зема во тек на 12 години, кај мажите може да го продолжи животот за шест години.


* Одличен за пушачите
Кај пушачите Ц-витаминот се троши седум пати повеќе, а се знае дека го зајакнува одбранбениот систем на организмот и создава отпорност кон сите болести. Тој е еден од најважните фактори против слабокрвноста, а истовремено влијае и врз побрзото заздравување на раните. Ги намалува последиците од стрес, спречува и лекува настинки, овозможува добра работа на мускулите, спречува појава на брчки и влијае превентивно во борбата против ракот.
*Извор на витаминот Ц се: пиперка, портокал, мандарина, киви, лимон, калинка, рибизла, магдонос, рен, карфиол, јаготка, зелка, спанаќ, салата, боровинка, малина… Покрај тоа, кога ќе го почувствувате неговото присуство во организмот, слободно можете да им речете збогум на нерасположението, слабоста и исцрпеноста.

Би можело да ве интересира Повеќе од овој автор

Коментарите се затворени

error: Content is protected !!