На 14. август 2022 година (недела) е закажана завршната вечер на која ќе се одигра големото финале, ќе бидат прогласени победниците и доделени наградите на шестнаесетиот по ред Меморијален турнир во мал фудбал „Љубомир Рајчевски – Рајче“ кој се одржува во период од 15.07.2022 – 14.08.2022“ – порачуваат организаторите на фудбалскиот турнир, спортска манифестација која ја негува традицијата и преку спортот ги зближува и обединува граѓаните.
За тоа најдобар пример е општината Чучер Сандево, лоцирана на падините на Скопска Црна Гора, која иако мала по големина, покажува големо срце и огромно чувство за почитување и помагање востановената традиција да се одржи и продолжи. Имено во село Глуво се одржува турнирот во чест на истоимениот долгогодишен фудбалер на ФК Вардар, легендарниот Љубомир Рајчевск – Рајче, чие потекло беше токму оттаму.
Настанот е под генерално покровителство токму на општината Чучер Сандево, како и од граѓаните на село Глуво.
Организациониот одбор на турнирот ги охрабрува сите љубители на фудбалот да бидат дел од финалето на овој традиоционален спортски настан, а најдобрите и публиката ги очекува големи изненадувања и вредни награди.
Покрај спортскиот, оваа манифестација традиционално има и културно-естраден карактар, така што секој турнир завршува со естрадно-музички настан, односно концертен настап на познати естрадни ѕвезди од регионот.
Годинава по завршувањето на спортскиот дел на финалната вечер, организаторот како специјална гостинка најавува уште една мегапопуларна српска и регионална фолк ѕвезда, атактивната пејачка Тијана Милентијевиќ попозната како „Жена од султана“, која ќе го увеличи големото финале и ќе ја забавува публиката со својот двочасовен концертен настап. Со ова се очекува завршната вечер на турниот да се претвори во вистински спортско-естраден спектакл.
Автор
Сите Објави
Коментарите се затворени